Иако речиси целото дејствие на романот на Хемингвеј Збогум оружје се случува на територијата на денешна Словенија, зборот Словенија во тој роман не се споменува ниту еднаш!9 Македонија е „реално” постоечка држава за сите на светот, освен за неколку свои соседи.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Заедно со своите соседи тие долго се советуваа што да преземат.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
На тргнување ластовиците посакаа да се простат со својот сосед Џивџик, но тој уште спиеше и тие не сакаа да го будат.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Колку многу копнеел тој само за едно „добро утро“ од својот сосед Владо директорот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го гледам својот сосед во авионот, гледам поглед кој очекува одговор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа што го имаше во куќата, Мајка го делеше со своите соседи. И многу повеќе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)