— И навистина, бре луѓе, виа велигденските јајца ем поголеми, ем послатки ми се гледаат, — си го даваше својот суд овчарот Билјаров, стариот дедо Беле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со какви надворешни норми можеше тој да ги провери своите судови ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не кажуваше свој суд, најчесто само потврдуваше или одрекнуваше, како кога, според околностите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
ВАГАБУНДОВА: А кажете го својот суд...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се задлабочуваше во прочитаното и донесуваше свој суд.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Впрочем доктор Пачев најде за потребно да ми го соопшти ваквиот свој суд уште при првото разгледување на овие мои забелешки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Глас: Потоа Кралот му се обрати на судијата па му нареди да го каже својот суд.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Не знаеше дека ние имаме свои судови, му вели војводата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Демократијата овозможи сите да имаат слободен пристап до културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Според мислењето на Finkielkraut живееме во време на feeling, на општа ревитализација на вредностите и отстранување на разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тука можеме да се согласиме со Pascal Bruckner, којшто аргументирано (со набројување на големи историски грозотии, направени под маска на висока култивираност) го застапува мислењето дека врската меѓу културата и моралот никако не е сама по себе разбирлива, дека е илузорно развојот Margina #32-33 [1996] | okno.mk 101 на слободата да се условува со образованието и дека на пример читањето романи сѐ уште не нѐ прави потолерантни. 1 Finkielkraut спаѓа меѓу оние критичари на популарната култура (и како што му прилега на еден филозоф, критичар на духот на времето, воопшто), што нѐ восхитуваат со блескав, изострен стил и богата ерудиција (треба да се признае дека во тој поглед противниците на популарната култура честопати ги надминуваат поборниците), но и покрај тоа не можат сосема да нѐ убедат со своите судови. Finkielkraut се обраќа токму на оние што за мизерната состојба на современата културна, политичка и општествена сцена не наоѓаат убави зборови и при тоа никогаш не забораваат да го наведат единствениот виновник: популарната култура во сите појавни облици (би можеле да речеме дека тука се среќаваме со своевидна форма на нетолеранција!).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)