И знаеја: оние три-четири реченици што ги напишал Иле за својата мајка кажуваа повеќе од сето она што тие заеднички го имаат напишано во своите тетратки.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Децата ги пренесуваат задачите во своите тетратки.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нели се договоривме во својата тетратка да запишувам сè што ќе ми се случува и што ми се чини интересно? Докрај ја имам испишано, Еве, види!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го топореше пред нив мајката Перса своето насмеано лице во исто време збунувајќи ги со зборовите дека по многу години пак ѝ даруваат ќерка, нешто што не му одмина на Атанаса, нешто што ќе го прибележи во својата тетратка за подоцна да бара одговор.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Можеби некоја од оние поетеси кои со голема почит му ги испраќале, а можеби и уште му ги испраќаат своите тетратки со стихови, надевајќи се дека нема да ги одмине неговото внимание.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)