Себеси се замислувам како патник со голем багаж, патник кој очајнички се обидува да се ослободи од својот товар, но тој упорно се влече по него како самата - судбина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И чувствувам, да, чувствувам како го отфрлам од себеси целиот свој товар, како од мене се одлепуваат и се лупат етикетите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Јас не сум надчовек за да се справувам со туѓи искушенија, та и моето дете да беше и да ми го тутнеше целиот свој товар јас да му го носам немаше да го сторам тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кабаков без прекин се бори со својот товар, тој постојано го повторува истиот потфат, само формалниот јазик се менува со текот на годините.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Снабден со крутите дозволи во меките џебови, што ги имаше издејствувано од Градското собрание до Погребалното претпријатие, железничарот го носеше својот товар со таква помиреност како овој да му беше сраснат со грбот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се множеше од ден на ден, од година на година и се надеваше белки тоа множење ќе ѝ овозможи еден ден да го симне својот товар од грбот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Седат таму и ништо друго не мислат, освен како ќе си го направат својот товар.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)