Во градот престојуваа и оставија свои траги, во градбата на големи џамии, тврдини, мавзолеи, познати султани, паши, војсководци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се приближува кон мене, стивнувајќи го гласот: - судбината ги отиснува на дланката своите траги како лузни... * * *
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пред зајдисонце лисицата се прикрадуваше крај замрсени капинови гранки бришејќи ја со китнестиот опаш својата трага зад себе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Овие јазици оставиле свои траги во албанскиот, но во помала мера и во романскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)