Почна повторен терор кој главно беше насочен против Македонците и нивните придобивки да имаат свои училишта, весници и своја богослужба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Затоа ние час поскоро треба да си отвориме свои училишта и свои цркви и во нив да си поставиме наши учители и наши свештеници, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
112. Работењето на Србите не остана без резултати при решавањето на македонското прашање. Србите со своите училишта во Македонија успеаја да создадат илузија во европското и во руското јавно мислење дека има Срби во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Си заминавме: секој во својот град, секој во своето училиште, кај своите другари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога ме истераа од своето училиште (споменуваа некаква прељуба) созреав еднаш за секогаш, јас, жолта тиква претврда и за секира.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Затоа нас Грчиштата не нѐ оставаат да си отвориме свои училишта и свои цркви,за да нѐ погрчат, вели Лазор Перуноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)