Седум влади се откажале од своите фотелји, осум претседатели липаат, девет министри од очај околу детските кревети рипаат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Но, тој седеше во својата фотелја, се вртеше во неа, покажувајќи ја на најпростачки и малограѓански начин својата незаслужено стекната власт, и ништо не говореше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
После часот се повлече во Библиотеката и оптегнат во својата фотелја, ги затвори очите.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Татко, потем, се врати кон својата фотелја и тивко ѝ рече на Мајка: – Минаа многу години, а ние никаде не заминавме, како да сме во еден лет во место!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тажно е што Маргарета во својата фотелја од портокалов сомот ме чека на другиот крај од градот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Еве ја доаѓа, удобно се сместува на својата фотелја, таа така си ја нарекува – мојата фотелја, или моето место за седење, пали цигара и вели: - И?!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)