свој (прид.) - чета (имн.)

Потем Никола Карев отседна со својата чета, скриен во куќата на крајот од селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Гоце со својата чета тргна, а Јане Сандански остана на Пирин-Планина...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Крај патот, што водеше за Солун, птичките чуруликаа и виеја нови гнезда.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе си дојде во својата чета во Полчишко и се замисли како да дојде до оружје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште истата вечер Ѓорче тргна со остатокот од својата чета и беловодичките раководители по самиот срт на Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку дедот Паленѕа го најде Мачникот; од него разбра дека и Андон е таму и yште на другата вечер тој ја зголеми својата чета уште со еден другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Их! дури пет да речеш, — одговараше Шаќир на прашањето од Трајка, Најда, Андона и другите четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Екна борба во битолската револуциона област.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Камо пушки за парите шо ви и дадоме есеноска со Бешот, бре побратими?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се дочекуваа воскреснатите другари Шаќир и Ѓуро, кои оживеа и се вратија во својата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По пробивот кај Рупел, Јане Сандански со своите чети и четите на другите војводи заминал спрема Солун, како претходница на бугарската дивизија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 8 ноември 1912 со 300 четници и во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цончев влегол во Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По неколку месеци стигна тажна вест дека во селото Баница, сардисан со својата чета од турски аскер, загинал Гоце Делчев.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Го молам Инспекторатот да одобри началникот на Флорински (Лерински) срез г. Жупанец да ја врши должноста срески началник во Прилеп до пристигнувањето на новиот началник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чест му е за ова да го известам Инспекторатот со тоа што за ова го известив и Дивизијарот а тој преку Командантот на местото нареди сите овие четиници да се стават под команда на Душан Димитријевиќ кој вчера со својата чета замина за Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
СР Македонија во Војници е застапена со човекот кој што во својата чета го викаат Тавче (без гравче).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И, додека Јован кондиса со својата чета по Витолишча, Жиово, Врпско и Полчишта, Стојко Цицо ги фати Бишишта, Градешница, Старавина и другите мариовски села што тргнаа на грчко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бугарите ја изгубија битката и Ѓурлуковци се вратија со своите чети назад во Бугарија, a Јована го оставија да го подига духот кај „македонскија б'лгарин".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, долномалци ја намирисаа работата и како „отруени" Бугари ги известија војводите Јована Гуровчето и Шаќира и овие со своите чети им го фатија патот на Цицовци и Кондиловци кон Полчишта и им седнаа во ѕидиштата од оградите на Бешишкото Поле, и уште кон стари вечери им удрија еден залп од малихерите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крвникот со својата чета до црквата незабележано не можел да пријде од другата страна освен по долиштето над црквата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)