седнат (прид.) - пред (предл.)

Што ли има сега во мислите на луѓето седнати пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Уште од летоска Пелагија ја гмечи уличкава,излегува и на Ѓуро Ѓоновиќ, па отаде, по сокачињана, се загледува во градините, во жените седнати пред влезовите, по негде влегува и стигнува до нив со надеж дека некоја ќе ѝ врати како во нивната скромна куќарка има место и за нив тројцата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)