Спротивноста помеѓу убавецот и кампот што ја опишува Њутн се јавува во сиот свој антагонистички сјај во една сцена кон крајот на првиот чин од драмата на Март Кроли од 1968 година, Момците во групата (The Boys in the Band), првиот театарски хит кој беше пресвртница и кој експлицитно и успешно го стави на меѓународна сцена машкиот геј-друштвен живот (како што се живееше во градот Њујорк).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Каубојот, еден страшно згоден ороспиец кого го носат на некој роденден како сексуален подарок за почесниот гостин, почнува нешто да се жали и да бара сочувство поради некоја спортска повреда со која се здобил неодамна во вежбалницата: „Ми се отпушти раката кога се кревав на бицепси“, вели – никого не го интересираат деталите многу-многу, ама овој сепак си меле, онаков симпатично неупатено опседнат со себеси – и акнав на петициве и си го свиткав грбот“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)