Наместо да си го славиме особениот субјективитет, своите единствени задоволства и карактеристичната култура, за нивна сметка сме постигнале геј-гордост.
Кога, на пример, велам дека сум геј – кога се „идентификувам“ како геј или кога го обелоденувам својот геј-„идентитет“ – усвојувам идентитетски заснована стратегија, создадена од самата политика на идентитетот, за да се справам со општествената различност што мојата сексуална различност ја предизвикува во хетеронормативниот свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Упадливо современиот, тесно исцртан, но, сепак, амбициозно универзализирачки концепт на хомосексуалноста се појавил кога изборот на истополов сексуален објект почнал категорично да се разграничува од обратноста на сексуалната улога и кога почнал да важи, сам по себе, за означител на сексуалната различност.
Темпото на преобразба се засилило по крајот на Втората светска војна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сексолозите од деветнаесеттиот век, секако, биле изразито против истополовото сексуално однесување, но таквото однесување, иако очигледно девијантно, само по себе не претставувало непогрешлив знак за сексуална различност,46 дури ни според големиот германски авторитет за сексуалната перверзија, Рихард фон Крафт-Ебинг, кој „перверзијата на сексуалниот инстинкт“ внимателно ја разграничил од „перверзноста на сексуалниот чин“.47
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)