И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)