Од спасените семејни записи, Татко му ставаше на располагање на братот искинати тапии, со пожолтени знаци, за нашата одземена земја зад границата, за нашата куќа крај Езерото, му носеше семејни документи со загубено значење.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Анегдотска архива од Студената војна (1993) е инсталационен интерактивен CD-ром проект, кој осликува лични и официјални Комунистички материјали од Централна Европа во педесеттите години, во облик на домашни видео филмчиња, филмски снимки, семејни документи, пари, новински извештаи, лични карти и други делови од колекцијата што Legrady ја собираше за време на изминатите дваесет години.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Татко, на крајот, се согласил. Барал со денови по семејните документи, го означил кругот на нашето емигрантско семејство, ја минал духовно границата, ги поврзал другите семејства во стеблото, минал и низ други граници, втасал до Турција, до Азија, дури и до Америка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вистина, еднаш, уште пред да заодам на училиште, извршив вистински масакр во Татковата библиотека одлепувајќи низа таксени и други марки од Татковите и од семејните документи, нужни за докажување на нашиот идентитет, особено во периодот кога го менувавме албанското за југословенско државјанство, кои потоа јас ги разменував со поштенски марки со ликови на пропаднати кралеви со маалските деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)