Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сепак, за гледачките, ироничната реакција кон филмот не е предодредена и неизбежна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, исто како што едно кампско гледиште на семејните судири овозможува став кон силната емоција што се отуѓува без да биде ниту скептичен ниту редуктивен, така и ефектот на свесно живеење на сопствениот љубовен живот како мелодрама значи негување светоглед кон љубовта кој е расчаран, но не и разочаран.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гледачот кој е геј- маж, ексцентрично сместен во однос на канонската форма на семејството јадро, исто така има поголеми изгледи од стрејт-жените и од стрејт-мажите да негува иронично гледиште кон драмата на самиот семеен судир.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека е погубен за љубовта, камп-сензибилитетот е резултат и израз на самоспознанието на љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Семејните драми компулсивно се одигруваат претерано, се преувеличуваат крајно несразмерно со сето она што видливо го засегаат, па оттука неминовно се и театрални.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, во смисла на фактичката вистинитост, не е баш искрен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Визијата за љубовта на геј-културата не е цинична.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што се изразува во семејните судири речиси неминовно го надминува она што навистина се чувствува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гледан сам по себе, сосема е невистинит.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и денес, филмските критичарки феминистки и натаму спорат, и тоа многу ревносно, колку сериозно треба да се сфати филмот – поконкретно, колку сериозно треба да се сфатат феминистичките импликации на филмот – прашање што геј-критичарите во голема мера го пренебрегнуваат и кое, изгледа, не ги интересира.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, токму лажноста на чувствата искажани во семејните судири е тоа што, во комбинација со нивниот екстравагантен израз, им ја побудува насилноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во минијатурниот свет на семејството, меѓутоа, нема ништо иронично во однос на изведбите било на љубовта, било на омразата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А како што одминува времето, некои жени може и да си дозволат да се подучуваат за динамиката на гледачката иронија и за играта на идентификациите/деидентификациите преку гледачките практики на геј-мажите, кои од неодамна станале толку пробивни и толку нашироко привлечни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)