Додека Бојана беше бела, со руси коси, сиви очи, бело лице, (дури и веѓите и беа руси) — Доста располагаше со сосем друга — грчка убавина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Газеше цврсто на земја.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Седнат на столчето спроти татка си, го слушаше со отворена уста син му Толе, деветнаесет годишно момче, со сиви очи, бело лице, руса коса а црни веѓи и мустачки штотуку му беа наудриле под орловиот нос.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Две крави и стап во нем разговор со тревите околу нив се движи сивото око на денот умореното око на сонцето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Строг поглед и ситни сиви очи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)