Одеше по жени да дознае нешто повеќе за него, отиде кај турска бајачка дојдена од херцег-Босна, а еден ден скришум ја посети Мадам Мими, еден медиум чии огласи за натприродни моќи, претскажувања, симнување магии, лек против уроци и наоѓање исчезнати, повеќепати читаше во весниците, додека во нив ги замотуваше завршените алишта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така Рафаил Давидовиќ засекогаш исчезна од шумното дорќолско маало. А овој кутриот, пак, фати уште повеќе да се грижи за мајка си којашто одново остана со скршено срце, зашто колку и да не сакаше да си го признае тоа, горчливите солзи што сами се лееја во квечерините беа доказ дека прави разлика меѓу децата: Јехуда ѝ беше сигурната надеж во животот, но Рафаил, сугарето палаво, ѝ беше миленикот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)