Сега, како да ги остави главните книги настрана, ги запишуваше живите сведоштва за сигурниот пад на империјата на сталинизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И еден ден кога ќе се обидеме да го украдеме животот ќе паднеме на својата или туѓа несреќа. Врв на гревот и сигурен пад.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)