Лудвик гледаше во мене, во моите солзи, ги бришеше, и ме тешеше; замислете, господин судија, тој мене ме тешеше, наместо јас него; тој си одеше; немаше ништо пред себе, одеше во целосна неизвесност; ние пак се враќавме во својот сигурен и предвидлив свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можела да рече дека тоа не е исто, но во мигот самата не била сигурна и се воздржала.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не се сигурни и другите статистики.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Машки се гласовите, тврди, длабоки, сигурни и доаѓаат од соседниот ров.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ниту гласот на Агна, кога го открива наличјето на Симоновите искази, ниту директно спротивставениот глас на историчарот Владе, потомок на противничкото семејство на Симоновите предци, како ни гласовите на селаните, не можат да се прогласат за сигурни и релевантни сведоци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Татко тешко допираше до малите Мајкини тајни, но низ нив, во тешките времиња, траеше нивната сигурна и долговечна љубов...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Му се приближуваа без брзање, сигурни и недвосмислени како смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)