На вратата на салонот, која веројатно не беше правена по димензиите на домаќините, се појави стасит силен маж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јоше Ластагарков беше еден силен маж и ако не се пуштеле луѓето да го тргнат, можеби и ќе го отепал.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не те запрашав... пустата таа, душата мајкина, посакува само уште еднаш да си го видам чедото... молчи душо - подобро е како што била пишано - да го паметиш како силен маж - како си заминува со царските гласинци.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
В село, за некој здрав, силен маж често ќе се речеше дека е „како Јурук“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Прв пат го видовме на дрвената кула во дворот на одборот и бидејќи Ангелина гласно проговори зошто таков млад и силен маж не е во борбата, тој се поискриви малку и ни ја покажа својата една нога-дрвена!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој дваесет и осумгодишен, силен маж имаше две различни очи: едното му беше зелено, а другото сино (отсекогаш се плашев од него, оти ми личеше дека од двајца е составен), со потсмев гледаше на тоа што разбојот го сфаќам како уметност, а не како средство за стекнување и покажување физичка сила.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За припомош, само додека ја натоварат бомбата на колата, му доделија двајца копуци, но силни мажи, како него. Алекса Ризески и Дикса и Бориза Енда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа, да ја отера бомбата во Прилеп на воловска кола, иако неексплодирана, намерно им го сторија на Ѓорета Дамчески, на Дикса и на Бориза Една, намерно им направија така.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)