И што ако моите сетила ме излажаа, што ако постоењето на твоето тело е привидно и постои во мојот сон, го сонував ли твоето сенишно постоење, но мислата дека постоиш е доволно силна причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тоа им беше силна причина да ја мразат и озборуваат Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Илјада километри тишина, копнеж и безумие од страст за допир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зошто за некои луѓе е толку тешко заљубувањето, дури и страсните романтичари преку лириката ги изразуваа, излеваа страстите и чувствата во совршена уметничка форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога понекогаш проѕирно ќе погледнев околу себе и во светот, ќе украдев неколку часови од животот, ќе слезев во ладните ходници сосема длабоко, таму каде што отсечените и отуѓените делови од моето срце и душа во темните огледала ја добиваат својата совршена слика која личи на мене, на тоа што бев тогаш кога знаев што сакам да постанам, кога имав силна причина за живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)