Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Не, не разбрав... – и кога сакав да го прашам што треба да разберам, слушнав силен тресок: - Бум – одглас на печатот врз картончето со кое, ако затреба, треба да потврдувам дека легално сум ја поминал границата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ема со брзи чекори тргна низ ходникот слушајќи зад себе силен тресок на вратата од кабинетот на Волнаровски.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долу во трапот пак силен тресок и стравот ја подига сал за миг. Се стресува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потоа: силен тресок по главата и се загубив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)