Во тоа е клучниот момент: денес општеството не е ништо помалку репресивно отколку во времето на „човекот на организацијата”, верниот службеник на Институцијата; токму спротивното, разликата е во тоа што општествените барања не ги преземаат веќе облиците на Идеалното Јас, на интегрираниот „внатрешно среден” симболичен код туку се останува на рамништето на пред-ојдиповото над-јас: “Во општеството што бара да се служиме со некое поставено правило во општествените односи, и кое честопати истите правила ги сместува во кодот на моралната еднаквост, индивидуумот мора да се бори за да ја сочува психичката рамнотежа; сето тоа ги потпомогнува облиците на сконцентрираност во себе, што потсетува на примарниот нарцизам на империјалното јас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)