Не се работи за описи на градовите туку за симболички печат на урбофилијата којшто во современата книжевност непогрешиво се чувствува во непрегледната низа на големи писатели - кај Џојс, Пруст, Музил, Кафка, Бели, Симон, Ман, Вирџинија Вулф, Брох, Рилке, Дарел, Борхес, Калвино, Фаулс, Еко, Криста Волф, Буцати, Пинчон... (На поинаков начин урбофилијата ја обележа и мислата за книжевноста - на Адорно, Блох, Сартр, Башлар, Барт, Дерида, Фуко, Лакан, Лиотар, Бодријар, Слотердајк...) Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет на Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)