Не се тргнува од вратата, им ја запира половината и повеќе светлина, ама светлината се смалува и од маглата која во пасамка пасамка поминува крај отворот и од ситните капки дожд за кои не знаеш дали паѓаат или стојат сѐ на едно место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ситните капки на невидливиот дожд со шепот легнувале врз ланските лисја на габерот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им се сторило дека и планините се издишиле со олеснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Завива некоја полициска сирена, одмина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сакам да гледам како врне ама ако ги кренам ролетните, прозорецот ќе ми се испрска со ситните капки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)