Софроние, кој одлично го зборуваше турскиот јазик, и покрај силното напрегнување не можеше да ја погори скриената намера на султановото зборување; си думаше Ова не е тоа за кое сум повикан, па стануваше сѐ посомничав.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)