Од камените плочи на вечните корења изртува листот на времето Рабови од пепелиштата на златото Скршени гранки со печат од зелено Сјајните врвови на кругот плачат да не капи восокот по лицето на денот Гнилите камења ја сонат сказната за црните мостови на громогласноста.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Мртви и темни сурови гламњи скршена гранка маслинка!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Жена му од кметот пафта со скршена гранка по лицето и се лади.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во зиме му носеа грутка снег да ја пофати.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А ние се уште сме седнати на прагот и меѓу нас зборовите паѓаат како скршени гранки, се ронат како лисјето наесен. Тишина...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Му носеа скршени гранчиња со цут за да ги види и да поверува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одвреме навреме од длабочините на таа шума допираше само уште чкрткањето на некоја скршена гранка, или пак погибелниот писок на некој отчешнат пар, кој стивнуваше толку бргу, што се чинеше дека некој го придушил токму штом зинал да вресне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)