Сака уште да рече Ние сме Турци и господари, вие каури и раетини, но сите овдека живееме заедно и право е едни на други да си помагаме, но вели, покажувајќи на Јосифа, Јосиф заспа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако дојде некогаш во Потковицата, со скршени нозе ќе се врати назад, вели Мустафа Салиоски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Појде по нив како мачка со скршена нога. „Јасно“, шепна претпазливо и сфати дека неговиот шепот се разбива од нешто невидливо што го делеше од тие сенки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Овој начин на работа со еден единствен објект Хичкок го донесе до совршенство во Прозорец во дворот (1954), мајсторски работен, возбудлив и духовит трилер за опасностите што ги носи ѕиркањето во туѓите станови; целата приказна е раскажана од страна на човек кој заради скршената нога е врзан за столица на тркала.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сакам вашето лице да го има само она што сакаме да ѝ го соопштиме на публиката - она што го мислите”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Така беа осудени на неразделност, исто како кога се водат со еден чивт лисици коравиот убиец заедно со некој шеретски престапник. Тоа беше онаа скршената нога.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наеднаш врз нив легнала таква тишина што изгледало, ако некој се накашла, сѐ ќе се исчанчи од своето место - некои ќе попаѓаат, трупот ќе стане и ќе појде на скршени нозе да го бара гривестиот белец. За миг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На еден од четирите исечени прсти заканувачки блеснал на прстен зелен камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Правдата со скршени нозе ги убиваа и ги товареа на други или ги дереа, ги распарчуваа и ги носеа горе. За месо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога коњот се врати со скршена нога, Дукле ѝ рече: - Коњот ни окуца...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)