скршен (прид.) - и (сврз.)

Рони дождец и човек се чувстува малечок, ситен, слаб, осамен, празен, скршен и немоќен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се обидуваше, вака скршен и престарен, дека ќе може да печали за двајца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ВЕТА: Збогум, Тодоре! Ќе те чекам! (Излегуваат. По малку влегува Маноил. Нерасположен е, скршен и замислен. Седнува на миндерот)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Сега беше тврдо и роговите се скршени и веќе немаме за што да се гризиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подава раце, го допира подот и пак со скршен и тивок одвај чуен, а ту прониклив и здавен, глув, тажовит и болен, мајчински топол сладок шепот, моли: - Стани, Ристе, стани чедо на мајка, стани...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)