Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настојував, колку што ми беше моќта на пишувањето и поврзаноста за Езерото, да ги сторам привлечни за славни поети, писатели.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Минувајќи убав дел од животот во вечно читање и проучување на француската книжевност, како дел од мојата професионална вокација, во текот на годината влегував во преписка со познати француски поети, есеисти и мислители, кои се канеа на меѓународниот поетски собир во Струга.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)