следен (прид.) - генерација (имн.)

Сакам да го знам тоа, да го предупредам, зашто и ние имаме свои искуства, и нашата работа има свои правила што би можел да му ги кажам нему, на мојот наследник кој засега сè уште е непознат и кој си игра со другите како волк во јагнешка кожа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја следна генерација достигнува помоќни електронски-јазични орудија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брзината на менувањето на новите генерации компјутерска опрема и програми ги доведува во прашање стандардите и компатибилноста на системот. (Можеби преведувањето на еден текст на странски јазик сега може да се изедначи со пренесувањето од технологијата на една генерација на компјутери во технологијата на следната генерација.) Впрочем, човек иронично може да се запраша, како и Роберт Кувер: “Чуму сета таа интерактивност?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Додека сестра ми на сина си, моето кумче, веднаш му купи лоз, јас сега главно се занимавам со тоа што со часови си го напрегам мозокот, размислувајќи кој од оваа генерација, која, еве расте, ќе тргне по моите стапки, кој од овие бесни, убави деца што ги изнародија браќа ми и сестри ми, ќе биде црната овца на следната генерација?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како остар противник на трите роботски закони на Исак Асимов (Isaac Asimov) (што ги поставуваат роботите во сосема инфериорна положба, како робови на луѓето), на своите „bopper-и” (следната генерација роботи) им вградил wetware (како аналогија на мозокот) и со тоа им создал сопствена свест и независност од луѓето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За прв пат можеме да ја разбереме механиката на еволуцијата - јазикот и технологијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Речиси сум наведен на заклучокот дека Дишан всушност самиот суредил овие дела постхумно да дебитираат бидејќи верувал дека нивното излагање на следните генерации би им го дало она делче од мозаикот кое недостасува, потврдувајќи ја со тоа врската со Жари - „Чекајте на следните генерации” - често велеше Дишан.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)