следен (прид.) - цигара (имн.)

Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дејството трае додека се пуши, а потоа исчезнува сѐ до следната цигара.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)