Смер-на см'р... стрм-на смр...
Сенка на нешто кое на фотографијата
се гледа надвор од неа:
сенка без човек
човекот заѕидан
сенката осакатена
и
заборавена доволно
за да не престане
да се враќа
секогаш
од кај
слепиот
агол!
По не знам кој пат!
Енигма
Жолта пеперутка на црн ’рт.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Или ќе биде,
или нема да нè биде!
Јазикот во којшто сега тонам
се обидува да ми помогне
да сфатам, ама ми недостасува
ароганција
па допуштам да ме опседнуваат
полуслики, нејасни глетки
дијаболи и
гротески
е да го кажам
на единствен начин
она што го гледам
не со очите, ами со
битието.
Слеп агол
Тоа ли е осаменост?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)