Со една поголема грутка снег тој помина по лицето, триејќи ги најдолго слепите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И војна во оној априлски ден кога се увери дека поднаредникот сепак имал веѓи над слепите очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Најпосле, нека се сврши сето ова, еднаш за секогаш, ова, почнато во онаа пролет на планина кога умреа слепите очи на поднаредникот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
12. Слепото око на светот беше во својата стара големина и сè уште тивко трепкаше.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Глигор тоа не можеше да го стори, тој ја чувствува како се расплиснува крвта, како лудо удире во слепите очи и таа непокорност на крвта го тера да ја бара вистината за човечката совест.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)