Просторот, пак, што го оградува Потковицата, иако е замјиштето истородно со она во цела Пелагонија, алувијално, во многу нешто, во однос на конфигурацијата и вегетацијата, е поразличен од сите слични во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Му реков дека сме Балканци, луѓе поделени со граници и пак слични во многу нешта - во искушенијата, исчекувањата, стравот, фолклорот, слободарството.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали ќе беше тоа татко ѝ на Калија, самарџијата Димо, дали попот Ставре, дали пак еден стуткан туѓинец, Унгарецот Миклош, кој по несреќа попадна во Скопје и кој, сличен во судбината со Бошко, Калија ја сметаше за единственото невино суштество во оваа превара со војни, освојувања и робење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Хахаха, иако бил христијанин, тој изгледа многу ни бил сличен во однос на жените. Такви ли се сите Власи, ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)