слободен (прид.) - држава (имн.)

Покрај другото, се покажа дека во тоа време раководството на Партијата испратило наредба да се престане со секакво стрелање и случаите во врска со квинслинзите и класните непријатели да потпаднат во надлежност на судот што ќе биде оформен во слободната држава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бугарија е слободна држава. Таа располага со пари, просвета, државни мажи и дипломати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога последнава падна под Византија, Македонија беше слободна држава за извесно време и со успех се бореше против Византија и ја имаше под себе цела денешна Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Девет месеци подоцна, тој пишува: "125 делегати на Антифашистичкиот совет на националното ослободување на Македонија се собраа во Битолскиот манастир на 41-вата прослава од историското Илинденско востание и се конституираа себеси во врховно законодавно и извршно тело на македонската федерална држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Запознавајќи ја американската јавност со одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, каде што Југославија била "прогласена за федерација на слободни држави, со потполна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина", тој ќе истакне дека тоа претставува "роденденска потврда, крај на нејзината слобода, еднаквост и суверенитет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)