сложен (прид.) - однос (имн.)

Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој на неколку места за сложениот однос меѓу внатрешното и надворешното го користи изразот „инвагинација“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За сложениот однос меѓу внатрешното и надворешното (кој токму е клучен при разгледување на феноменот на еден / пост/модерен дом) ми се чини дека токму е прикладен терминот “инвагинација”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А бидејќи Кант на прашањето „Што е рамка?“ одговара дека тоа е parergon, сложен однос меѓу внатрешното и надворешното, но таков кој не е легура ниту мешавина пола-пола, туку надворешното коешто е повикано внатре внатрешното за да го конституира како внатрешно; а како примери за parergon ги дава, едни покрај други, рамката, наборите на наметките и столбот; можеме да кажеме дека во овој концепт навистина постојат ‘значителни тешкотии’.” (Дерида) Parergon на грчки значи “hors d’oeuvre” (вон делото), „попатен додаток“, „суплемент“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)