Сложениот проблем на пренос, односно прикопчувањето на човечката свест кон машина и новото создавање на свест внатре во машината најпосле ќе се реши.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таквите размислувања на британските политичари и дипломати се должеле главно на тоа што на настаните на Балканот тие им приоѓале од догматско становиште, а притоа биле полни со предрасуди кои докрај им го замаглувале објективниот увид во тој многу сложен проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се разбира дека не можам да поверувам дека сите овие измени и преселби се прават за да биде спречено, или најблаго речено, одложено моето заминување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тек било изведувањето на некоја многу важна реорганизација или реконструкција а во времето на вакви зафати луѓето биле зафатени со сложени проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Непосреден придонес во тоа секако имал недостигот од директен увид во она што се случувало на балканските простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)