Изабел којашто не работеше можеше да си дозволи често да го придружува Бертран на неговите службени патувања.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На долгите службени патувања најчесто седеше на совозачкото седиште.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- И на нив, ама најмногу на она во Индија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- На моите службени патувања мислиш? – праша таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се случуваше, тогаш, како по некое чудо, сè нешто му го одвлекуваше вниманието: преголеми обврски со работата, службени патувања или премногу сончеви денови, создадени за уживање во природа.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Уште додека бев во Холандија, на едно од ретките службени патувања.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Со нетрпение чекав да се вратам, да ја видам.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Пане Скендеров меѓу две службени патувања на реалција Скопје – Загреб, каде што живееше, доаѓаше кај нас во Лисиче со kесе полно со мандарини и портокали.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Пане ме учеше како да одам на високи потпетици неколку дена пред мојата матурска вечер на која не присуствуваше поради службени обврски.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Државата ја изедовте и крвта ѝ ја испивте со тие ваши службени патувања, и пак се жалите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Пред тоа бевме на летување, па јас бев на две долги службени патувања, па...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тетка ми Ана тврди дека на мајка ми работата е поинтересна и повозбудлива од нејзината, а јас не сум сосем сигурен во тоа, особено кога ќе се сетам на долгите службени патувања на мајка и на чукањето на машината за пишување до доцна во ноќта.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци: • регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година; • отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9. Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184 • исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; • дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; • дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и • надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со донесувањето на Законот за волонтерство волонтерите се здобија со следните права: а) пред започнувањето на волонтирањето во писмена форма да добијат опис на правата и обврските кои треба да ги исполнат и да бидат запознаени со условите и опасностите поврзани за време на волонтирањето; б) да бидат запознаени со општите акти на организаторот на услугите, односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги, за кои се ангажирани; в) да користат средства за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; г) да имаат право на обука, доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е предмет на договорот; д) право на отсуство за време на волонтирањето, ако за тоа постојат оправдани причини; ѓ) право на дневен одмор; е) право да бидат консултирани и информирани при одлучување за начинот на давање на услугите; ж) право на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со волонтерството (трошоци за храна, трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето, трошоци за службени патувања и трошоци за обука) и з) право на заштита на приватноста и личните податоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
- За поединостите во врска со казната на Чардаклија узнав кога се вратив од службеното патување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како што може да се види, дејноста на фабриката во којашто работеше тој беше од областа на градежништвото и кога настанува спорот, кон крајот на 1999 година, во неа имаше преку 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Козма Прутков, Раководител на Одделот за мерки, вистински статски советник и кавалер на различни ордени. 1859 година (annus, i.) Забелешка: Во бројот на различните забелешки на маргините на овој проект се наоѓаат и следниве, што Козма Прутков, веројатно, сакал да ги развие во посебни проекти: 1) “Да им се нареди на сите уредници на приватни печатни органи да ги пренесуваат раководните написи од официјалниот орган дозволувајќи им само нивно повторување и развивање”; 2) “Да им се стави како обврска на сите раководители на одредени делови од управата: без престан да водат и постојано да ги соопштуваат во една централна управа списоците на сите лица кои служат под нивно раководство, со ознака наспроти секого: какви весници и списанија добива?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Оние, кои не го добиваат официјалниот орган, како недобронамерни да не напредуваат во службата, да не добиваат повисок чин, ниту награди, ниту службени патувања”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)