Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И што сетне? Ни сам не си свесен
за сопствените дарби
а всушност, глас се разнел насекаде
- низ Фокида, Беотија, Тесалија, Македонија -
дека си видовит и допирот дека ти е лечебен
а речта - провидение!
………………………….
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа.
Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)