сопствен (прид.) - свест (имн.)

Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како остар противник на трите роботски закони на Исак Асимов (Isaac Asimov) (што ги поставуваат роботите во сосема инфериорна положба, како робови на луѓето), на своите „bopper-и” (следната генерација роботи) им вградил wetware (како аналогија на мозокот) и со тоа им создал сопствена свест и независност од луѓето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Идеалистот Винсент повеќе сака да го уништи целокупниот свет - стрелајќи во себе, тој ја поништува сопствената свест во која се содржи севкупниот универзум, „убивајќи го“...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)