Со адвокатурата, во режимите, во идеологиите, кои брзо се менуваа на Балканот, тој, всушност, си ја бранеше и сопствената судбина...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Народот се држи кон својот паничен страв од светот и светските процеси, и дури по цена на потполно осиромашување и анимализирање тој е среќен само кога на власт ќе има некого што ќе ја поддржува неговата национална предрасуда и ќе го држи потаму од секоја одговорност за сопствената судбина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ние сме на нивото на историјата и сопствената судбина дури тогаш кога (АКО) ќе ја изградиме и ќе ја одржуваме во динамичност согледбата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И речиси секогаш сме на расчекор помеѓу тоа да се следи судбината или да креираме сопствена судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да се постигне процут во духовна и физичка смисла и речиси совршена анатомија на личноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Жена-маж, советник, учител, креатор на сопствената судбина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Лета забележа дека се растажив над сопствената судбина на дете без баби и дедовци и веднаш ја смени темата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ти, Мали, знаеш уста да затвориш? – конечно се разбуди Јане и ја подаде главата низ врата. – Што има за јадење? – беше неговото второ прашање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Или во прашање беше нешто сосема друго?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не само што верувам туку и тврдам дека ваквата размисла па дури и осуда на сопствената судбина постојано ти шеташе по врвот на јазикот но ти не сакаше (јас знам дека не ти недостасуваше храброст) да дозволиш таа осуда на сопствената судба да се појави разголена и обесчестена пред погледот на изненадениот љубопитник каков што бев јас.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сосема на крајот, во долниот источен ќош, седи еден човек, сув, слабичок, со качкет, во рацете стиска бовча и ништо нема околу него, седи како маѓепсан, чиниш ништо не допира до него од она што се случува околу него, како да е глув или си шета по сопствената судбина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана не ѝ дозволува Петра да си ја идентификува сопствената судбина и сопственото постоење со постоењето на оној човек онде, Чана живее само во мигот во кој реално постои и затоа таа речиси со гласот ќе ја крене на нозе без да биде свесна за тоа, ќе ја натера да си ги наниже бовчите на рацете, се разбира, во низата и неколку кокошки врзани со сиџимка, на крајот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нејзиното писмо беше преполно со живот, надеж да се дооткрие вистината на другиот како сопствена судбина и утеха.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Разговорот на тројцата комантанти јас го оценив како мајтапење со сопствената судбина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А ти самиот констатира дека тие еднаш веќе платиле за своите постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Порано или подоцна испружената дланка сама си ја задавува сопствената судбина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Си ја споредуваше сопствената судбина во егзил со течењето на оваа река.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потем, тој продолжи: - Ах, тие јагули, тие свети и клети јагули, како сирените на северните мориња, влегуваа во реките, езерата, на нашата руска земја, нè поврзуваа со светот, означуваа безброј излезни патишта, кога човекот се гушеше во сопствената судбина...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)