сопствен (прид.) - јазик (имн.)

Но ние веќе знаеме ако таа е неименлива, дека тоа не е привремено така, затоа што нашиот јазик сѐ уште не го пронашол или попримил ова име, или затоа што би требало да го пронајдеме во друг јазик, вон конечниот систем на нашиот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е тешко да се согледа проблемот што тоа го предизвикува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што вели Дерида (5 стр. 26): ... différance нема никакво име во нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Компјутерите се исто така машини-автисти и самци, она поради кое страдаат и се одмаздуваат е страшната тавтологија на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Критичарите, пак од друга страна, често вршат проценка на преводот од едниот или другиот аспект на две ограничени гледишта: од тесните погледи кон верноста на преводот (оценка којашто може да биде направена само во случај критичарот да ги познава двата јазика) или од точка на третирање на текстот на ЈЦ како дело на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имало групи кои функционирале во регионални групи како Евреите, Ерменците, Ароманците, кои ги знаеле по малку сите јазици на зоната, но го негувале посебно и сопствениот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поривот за чистење на сопствениот јазик од туѓи зборови, тврдеше Татко, се појавува кај еден народ како неојаничарски рефлекс, кога преовладува илузијата на победата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но на што се сведува неговата согледба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Владеејќи со сопствениот јазик, во не-стандардните употреби на изразите, ние ги препознаваме феномените какви што се пертурбациите (во граматичка смисла), менувањето на значењето, фигуративната и поетската употреба, игрите со зборови, шегите и очебијните грешки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Македонците се најстар народ со сопствен јазик и свое гласовно (фонетско) писмо, со специфично, но и променливо општествено уредување низ илјадалетијата со богата четиригенерациска митологија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидејќи како што философот од 18 век Кондијак (Condillac), (во Дерида, 1987, стр. 103) напишал: „Дали сакате да ги научите науките со леснотија? Почнете со учење на вашиот сопствен јазик“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност, јас сметам дека традиционалната врска помеѓу науката и терапијата е една од оние идеи кои ги хендикепираат терапевтите, теоретичарите, истражувачите како и клиентите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа ни е потребно да научиме како се користи јазикот во терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кети пробрбори нешто на нејзиниот сопствен јазик, и тоа звучеше како некоја осуда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Луѓето имаат право да зборуваат на сопствените јазици и тоа право е неприкосновено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Воздух и песна, Рене Маргит 1964 Преводите на „Jabberwocky“ Замислете си три лица чиј мајчин јазик е англиски, француски и германски кои сакаат игри со зборови на сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ние создаваме наш сопствен јазик, а тоа е нешто што го прави секој уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дерида го наведува Бенјамин на следниов начин: Бидејќи, исто како што фрагментите на амфората, доколку некој може да ја реконструира целината, мора да се поклопуваат до најситни детали, но не се неидентични, така преводот, наместо да се приближува до значењето на оригиналот, попрво, со љубов во полна живост, го пренесува во сопствениот јазик модусот на интенција на оригиналот: на тој начин, така како што остатоците се препознаваат како фрагменти на иста амфора, оригиналот и преводот се препознаваат како фрагменти на еден поопфатен јазик.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не можете да предизвикувате промени ако не сте екстремни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)