Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Градот го видов како град од почетокот на 70-тите, но во потесни рамки, и почнав да го споредувам со некои соседни градови, и го осетив сиот тој шлајм што цело време необјасниво бруеше во мене и ме прашуваше: Зошто?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кренав слушалка и тој ми вели, ја носам роднина ти со другарка ѝ во соседниот град.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)