социјалистички (прид.) - држава (имн.)

Тој бил противник на каква било форма на балканска федерација и самиот настојувал „да спречи групирање на малите социјалистички држави, да се оневозможи тие во заедница да се грижат за својата независност и суверенитет, да останат така самите за себе изолирани едни од други, без потпора една на друга и секоја да го положи својот суверенитет и својата независност во рацете на советската влада под нејзин протекторат.“ 359
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Климент Камилски, некогашен докторант на Сорбона, шпански борец, познавач на повеќе балкански и европски јазици, ги имаше сите потребни кавалитети, но и многу повеќе, да биде еден од моќните во новата социјалистичка држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе појаснам зошто. На времето, во останатите социјалистички држави луѓето, помалку или повеќе скапуваа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)