Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)