специјален (прид.) - задача (имн.)

Испишаниот лист беше извештај од извршувањето на борбената специјална задача на некој си Тиле Петропулос или Петревски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога по погребот на братучед му Висар, го спроведоа во касарната, му го отпишаа животот и го префрлија на специјална задача: да вади неексплодирани мини и гранати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Команданте - тивко рече Кикицас - јас одам на специјална задача... - Разбирам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во пограничните реони и градови полицијата била засилена, а по селата се движеле “контрашајќи“ од 5-6 души, со специјална задача да го следат движењето на сомнителните лица и да го спречуваат преминувањето преку граница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Претпоставував дека А.А. добил специјална задача за моето авторитетно замолчување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)