Незадоволна од ваквиот исход, правничката Зефиќ упатува неколку претставки до надлежните органи: до Министерот за правда, Управата за извршување санкции, до Народниот правобранител т.е. Омбудсманот (И. Мемети)5 и иницијатива до Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста и законитоста на некои спорни членови од новиот Правилник за систематизација – која 75 подоцна беше отфрлена со образложение дека фамозниот Правилник, за чиј недостатоци свои забелешки имаше и надлежната УИС, „е само интерен акт – па оттука, бидејќи нема карактер на пропис, овој суд не е надлежен за негово оценување“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 236, ст.1-5 од ЗРО – н.з. првиот став од овој спорен член, кој им го одзема 96 легитимитетот да организираат штрајк на вработените и им го дава ова право само на синдикатите, во април 2010 беше оспорен пред Уставниот суд на РМ од страна на Асоцијацијата „Магна Карта“ и ДСП „Ленка“, но до денес овој суд се нема произнесено по повод оваа иницијатива).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај oва, Уставниот суд на РМ донесе најмалку осум 1. Закон за работните односи на СРМ; Сл. весник на СРМ, 20/90. 2. Закон за основните права од работниот однос; Сл. лист на СФРЈ – 60/89 и 42/90. 3. Закони за изменување и дополнување на ЗРО (1990); Сл. весник на СРМ – 27/90, 10/91 и Сл. весник на РМ – 18/92, 12/93. 4. Закон за работните односи; Сл. весник на РМ, 80/93. 5. Закони за изменување и дополнување на ЗРО (1993); Сл. весник на РМ – 3/94, 14/95, 53/97, 59/97, 21/98, 25/00, 34/00, 3/01, 50/01, 25/03 и 40/03. 22 одлуки со кои се укинуваат одредби од ЗРО/05, 6 а за некои спорни членови сè уште се водат постапки за оценување на уставноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Штрајкот на солидарност може да започне без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се организира.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)