Што има бидено во средните векови, зошто да не може да биде и сега?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, во сегашните политички околности има не помалку основа за загубување на Македонија од страна на Бугарите, отколку основата за нивната загуба на денешна Србија во средните векови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Обратно, уште од средните векови и меѓу нас и Власите имало секојпат согласност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во Средниот век постоеше Инквизиција. Таа беше неуспешна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според денешните мерила, дури и Католичката црква во Средниот век беше толерантна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ што беше големо и импресивно, доколку изгледаше релативно ново, автоматски се прогласуваше дека било изградено од Револуцијата наваму, додека сѐ што беше очигледно од постар датум, му беше припишувано на некаков магловит период наречен Среден Век.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги требам од век и веков. Мрачен среден век. Светол постсреден.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Постоеше едно доба, мрачен среден век.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Тоа, сепак, беше златна доба на соживот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сефардските Евреи, доселени во оваа маало уште во средниот век, го носеле со себе и во себе јудеошпанскиот или ладино-јазикот, старошпанскиот јазик од времето на Колумбо и Сервантес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со хебрејскиот јазик се служеле рабините, додека во домашната употреба ретко бил практикуван.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со оглед на историјата на естетичките форми допрва треба да се испита накнадното влијание на хеленистичките култури врз книжевноста во раниот (црковните оци) и доцниот среден век (Шпанија).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во раниот среден век таа мала прециозна форма ја негува Византија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
По средниот век речиси и не постоел некој период во кој писателите толку се гордееле околу профинетоста на својот занает.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
За време на средниот век такви величини биле Константинопол и некои кинески градови.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
“Солта е една од многуте ознаки за тајна супстанција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се чини дека оваа конотација се развила во раниот среден век под арапско влијание. (...) Во Rosarium-от, кој претежно е заснован на старите латински извори, се напоменува дека “целата тајна во подготвувањето на обичната сол” е мислата дека “во коренот на вештината лежи сапунот на мудрецот” (saposapientium), а тоа е “минерал” составен од сите соли и се нарекува “горчлива сол” (sal amarum).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Океј, можеби сметам дека Америка е новата Римска Империја... но кога паднал Рим, уследиле стотици години на Мрачниот среден век - а тоа е нешто што јас не би сакал да го доживеам!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во своите (за книжевно-историското истражување на маниризмот) преломни истражувања (поглавјето за маниризам во Европската книжевност и латинскиот среден век, 1953.) Курциус предлага изразот маниризам да се одбере за сите „книжевни тенденции спротивставени на класиката, без оглед на тоа дали ѝ претходат на некоја класика, или ја следат или се временски синхрони“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Врвовите на маниризмот тој ги сместува во доцната антика, средниот век, 16-иот и 17- иот век.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Историчарите кои стојат зад горе наведениот заклучок, тврдат дека луѓето во средниот век биле многу дарежливи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ќе ме убедува дека ова не е Среден век ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вандализмот насочен против уметноста може да има енигматски или често бизарен мотив, но главниот аргумент на Гамбони е дека мотивот сепак не е безначаен.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ја замислува Битола од средниот век.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го употребувам терминот „адијафоризација” како алегорија: она што денес се случува: еден број важни човечки акции се прогласува за морално адијафорични, т.е. неутрални од морален аспект.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во средниот век црковните концили за одредени прашања донесуваа одлуки дека се „адијафорични”, што значи неутрални од позициите на верата, така што црквата нема директен однос кон нив, тие не можат да се подведат ниту како грев ниту како доблест.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Да. Како во Средниот век. Кога ќе се насобереле многу луди во еден град, градските власти ги собирале на плоштадот, па народот си правел со нив нешто како циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа ги прогонувале од градот, затворајќи ги зад нив портите на бедемите.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Одвреме-навреме организира домашни веселби што во средниот век си имале вистинско име. Оргии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Уште неразденето сака да се црпи светлина од бунарите на сеќавањето и да се варди да не се отпаси палецот на левата нога од каменот расцутен од болка утрата обично се зарипнати но влажните јазли на животот итро ползат до последните зраци светлина за ужина лепче и малку путер а заповедана е и по некоја насмевка да и‘ се најде на смртта кога ќе дојде багремите пред порта се заблудени од средниот век: градскиот воздух ослободувал мотика не влегува во леите на избавувањето во кои се впиени само бивши радости во највисоката школа на цинизмот: трудот ослободува и затоа нема дожд, за по дождот да дојде сонце.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во античкиот период, а и подоцна, во текот на повеќе векови, земјата ќе се најде на политичката, на воената и на културната граница помеѓу Исток и Запад, најпрвин помеѓу Римската Империја и античката грчка цивилизација, потоа во европскиот среден век, помеѓу католичка Италија и балканското православје.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Маниризмот од 1880 до 1950-та беше а-историски, ако не и анти-историски.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Маниризмот околу 1600-та не само што не ја беше напуштил врзаноста со религијата (колку и таа да беше доведена во прашање); тој се развиваше во однос на одредени искази на минатото, во однос на Александрија, на Хадриановиот Рим, на маниристичката литература од средниот век.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)