Не знаеше како би реагирале. Сестра ѝ Пандора беше со стројници омажена, но имаше среќен брак.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Другарчињата се подбиваа со Горан и Бобан додека беа мали, а подоцна им завидуваа, кога Роска за полнолетство ги „бркаше“ со клучеви од кола, а за среќен брак со коверта во која стоеше адресата на подарениот стан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)