„Драга Агна“, ѝ пишував, „денеска цел ден лунѕав по маказарскиот предел, откопував камење и џбуње, провирав рака во долгиот ракав на минатото, сетив како една возбуда се ниша во самарот на еден црвен коњ, за првпат до свеста ми допре постоењето на Маказар и на неговите луѓе на плочата од минатото стара век, два или повеќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)